Skip to content

Златен Триаголник на Индокина

 

(Виетнам, Лаос, Камбоџа)
29.11-10.12.2024

 

helelloo (8)

План и програма

         29.11.2024 | СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ  

Состанок на групата на аеродромот во Скопје, 2 часа пред предвидениот лет кон Истанбул во 20:35 часот. Пристигнуваме во Истанбул во 00:15 часот после полноќ. 

 

30.11.2024 | ИСТАНБУЛ-ХАНОЈ (ВИЕТНАМ)

Поврзаниот лет кон Ханој, Виетнам е во 02:30 часот. Пристигнуваме во Ханој во 15:25 часот локално време. По завршување на сите формалности на аеродромот, со организиран трансфер, се упатуваме кон хотел. Се сместуваме во хотел. Одмараме од долгиот пат, пред вечерните прошетки во градот. Ноќевање.  
helelloo (5)

01.12.2024 | ХАНОЈ (BAVI ECO TOUR)

Појадок во хотел. На овој ден се возиме по руралните патеки и полиња, до куќата на г-дин Доук, експерт за зелен чај, фармер и ветеран од војната во Виетнам. Во комбинација со домашна закуска, ги слушаме приказните за злогласната војна и се упатуваме кон неговата плантажа за чај, една од најголемите во селото Ри. Уживаме во традиционална храна подготвена од г-ѓа Чин, шетаме низ селото, се запознаваме со локалните жители и ги слушаме нивните приказни за овој дел на светот. Работилниците за прочистување на ориз, се едни од задолжителните места за посета, кога ќе стапнете на овој крај на светот. Се возиме со велосипед низ оризовите полиња и уживаме во прекрасните глетки пред нас. Во домашен амбиент, ќе имаме педикир со смеса од традиционална хербална мешавина на “Moung”. Овој ден го завршуваме со крстарење по реката Да (Da River) и се релаксираме во гледките пред нас. Се враќаме во Ханој. Ноќевање. 

02.12.2024 | ХАНОЈ (Hoa Lu & Tam Coc)

Појадок во хотел. За овој ден е предвидено посета на Хоа Лу, антички главен град на Виетнам, кој се наоѓа на околу еден час со возило. Патувајќи дотаму, уживаме во прекрасните глетки, слушајќи ги приказните на локланиот водич за историјата на династиите Ле и Дин кои владееле во оваа древна тврдина пред многу генерации. Правиме пауза за традицинален ручек пред да го посетиме Там Кок, локално познат како “Заливот Ха Лонг на копно”. Карстните формации пред нас ќе ни дадат посебна глетка, пред да навлеземе во дел од варовничките пештери кои ќе ги истражуваме денес. Турата ја завршуваме со велоспеди низ тивките села кои ја опкружуваат оваа област, а кои единствено на овој начин ќе ги почуствуваме во вистинска смисла. Се враќаме во Ханој. Ноќевање. 

03.12.2024 | ХАНОЈ (Крстарење во заливот Халонг)

Појадок во хотел. Денешниот ден е предвиден за пловидба низ прекрасните и бескрајни оризови полиња на делтатата на Црвената рек. Пловиме по заливот Халонг и ги истражуваме карстните пештер и варовничките формации кои се расфрлани по брегот. Правиме пауза за ручек со свежа морска храна, на палубата на бродот, со прекрасен поглед кон блескавите води. По ручекот, посетуваме познати пештери, се восхитуваме на изворедни сталагмити и сталактити, за на крајот да кајакариме низ заливот и допловиме до пловачките пазари на селата овде. Уживаме во раната вечера на бродот и уживаме во прекрсната ноќ. Ноќевање на брод. 
helelloo (6)

04.12.2024 | ХАНОЈ (Виетнам)

Појадуваме на бродот и уживаме во зраците на сонцето, кое нежно не гали и ја осветлува водата пред нас. Патувајќи назад кон пристаништето, посетуваме уште пештерски зданија. Пристигнуваме во Ханој и го користиме слободното време за индивидуални прошетки или во заедничи договор со групата и пратителот на истата. Ноќевање. 
Untitled design (7)
Untitled design (8)
Untitled design (9)
Untitled design (10)

05.12.2024 | ХАНОЈ-ЛУАНГ ПРАБАНГ (Лаос)

Појадок и одјавување од хотелот. Со организиран трансфер, се упатуваме кон аеродромот во Ханој, за лет кон Луанг Прабанг, Лаос. Пристигнуваме на аеродромот во Лаос, од каде со организиран превоз се упатуваме кон хотелот овде. Се сместуваме во хотел. Одмараме и го истражуваме градот индивидуално или во договор со групата и пратителот на истата. Ноќевање. 

06.12.2024 |ЛУАНГ ПРАБАНГ (Лаос) 

Појадок во хотел. Денот го користиме за истражување на најстарите храмови на градот и прекрасните примери на класичната архитектура на Лаос, со уникатни покриви и изворедни детали. Потоа крстариме по реката Меконг, до пештерата Пак Оу. Оваа пештера е поврзана со природни тунели, облежени со илјадници златни статуи на Буда, кои аџиите овде ги оставаат како дар за него. Застануваме во селото Бан Ксанхаи каде ќе бидеме сведоци на производство на локално вино од ориз. Се враќаме во градот. Ноќевање. 
helelloo (5)

07.12.2024 | ЛУАНГ ПРАБАНГ-СИЕМ РИП (Камбоџа)

Појадок и одјавување од хотелот. Со организиран превоз се упатуваме кон аеродромот, за лет кон Камбоџа и градот Сием Рип. Се сместуваме во хотел и го истражуаме градот. Ноќевање. 
Untitled design (11)
Untitled design (12)
Untitled design (13)

08.12.2024 | СИЕМ РИП (Анкгор Ват)

Појадок во хотел. Денот овде го поминуваме со посета на Светското наследство на УНЕСКО и едно од 7те светски чуда – храмот Ангкор Ват. Најнапред го посетуваме Бантеај Среи, храм од 10ти век на Шива, изграден од Браман, под надзор на Раџендварман. Се восхитуваме на резбите кои го красат овој храм, пред да продолжиме до селото Преа Дарк каде ќе го посетиме храмот Бантеај Самре, како и ги споредиле нивните барелефни резби кои ги прикажуваат Вишну и Кришна. Правиме пауза за ручек, пред да продолжиме со посета на древнит храмови и урнатини кои секој по себе оставил свој белег овде. Следен на нашата агенда е гхрамот Бајон, кој е изграден некаде во 12от век од кралот Јајаварман VII, составен од 54 различни кули. Овој ден го завршуваме со посета на Ангкор Ват, еден од најголемите и според многумина најубавите на храмови во целиот свет. Ноќевање. 

09.12.2024 | СИЕМ РИП-ХАНОЈ-ИСТАНБУЛ

 Појадок и одјавување од хотелот. Последни прошетки во Сием Рап пред организираниот превоз до аеродромот овде за летот кон Ханој. Оттаму полетуваме кон Истанбул.

10.12.2024 | ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ 

 Пристигнуваме во Скопје во утринските часови. 

Цени и услови

Пакет цената е изразена по лице во двокреветна соба, при што истата вклучува. 
 ✓ Повратни авионски билети од Скпоје, согласно програмата; 
 ✓ Аеродромски такси; 
 ✓ Рачен багаж до 8кг по лице;
 ✓ Чекиран багаж до 23кг по лице; 
 ✓ 4 ноќевања со појадок во хотел во Ханој; 
 ✓ 1 ноќевање со појадок, ручек и вечера на брод; 
 ✓ 2 ноќевања со појадок во Луанг Прабанг (Luan Prabang); 
 ✓ 2 ноќевања со појадок во Сием Реп (Siem Reap); 
 ✓ Ручеци според програмата; 
 ✓ Излети според програмата; 
 ✓ Пратител на групата во текот на целото патување; ✓ Патничко осигурување. 
Пакет цена по лице

2840 EUR

 Пакет цената НЕ вклучлува:

  * Визи за влез во Виетнам, Лаос и Камбоџа кои се издаваат и плаќаат на лице место; 
  Патничко осигирување; 
  * Туристичка такса која се плаќа директно во хотелите (доколку има таква);