Занзибар
Занзибар
09 декември 2024 – 17 декември 2024
(9 дена – 7 ноќи)
Спремни сте за островот кој никогаш нема да го избришете од вашите мемории? Остров на зачините, на позитивата, на танцот и музиката и фантастичната енергија! Остров од соништата! Палми, плима и осека, кокоси, преслатко манго и ананаси, јастог, туна и лигњи на скара, Kili пиво, бескраен тиркиз и нереално ситен, мек песок често поистоветуван со брашно, а за сите љубители и по некоја савана, крици и викотници од предатори и големата петорка (лав, леопард, носорог, слон и Африкански бивол). Ви личи на тропски остров? На далечно, несекојдневно патување? Каде ако не на Занзибар!
План и програма
Ден 1: Состанување на групата и поаѓање
Состанок на групата пред шалтерите на Turkish Airlines (economy class) . Лет од Скопје за Истанбул во 08:35 (TK1004). Пристигнување во Истанбул во 12:15 по локално време. Конекција на лет за Занзибар (Zanzibar) во 19:50 (TK615).
*Напомена: Бројот на лет и времето се подложни на промени и истите патниците официјално ги добиваат една недела пред поаѓање.
Ден 2: Пристигнување на Занзибар
Слетуваме на Меѓународниот аеродром ,,Abeid Amani Karume” во Занзибар во 03:20ч. по
полноќ и трансфер до сместувањето. Во хотелот во Занзибар ја плаќаме и претходната ноќ што
значи веднаш по слетувањето се упатуваме кон хотел и се сместуваме.
Факултативен излет – песочниот насип Нјанге, Пловечкиот бар и наш фотограф!
Одиме на Nyange Sandbank, познат и како Nakupenda Bis! Ова не е класичната Накупенда, ова е нашата Накупенда плус еден. Ако Накупенда беше најромантичното место, Nakupenda Bis е најромантичното плус еден, најспокојното место на светов. На оддалеченост од 30-40мин. од градот, Nakupenda Bis има една од највпечатливите плажи во Занзибар и воопшто на територија на цела Африка! Нејзината спектакуларна плажа се простира низ широкиот брег на Индискиот океан, фалејќи се со прекрасен бел песок и бистри сини води. Нема подобро место во Африка што ви гарантира и ви ја потврдува вредноста на вашите вложени пари, баш како што би рекле ,,Е ова, вреди”. Совршени фотографии за кои ќе се погрижи нашиот фотограф и ќе ви помогне да имате најдобра фотографија од најдоброто место, бескраен мир, приватност, вкусна храна, добри луѓе и убава атмосфера.
Ден 3: Фармата на зачини и посета на селото Паџе
Ова не е класична фарма која вообичаено на потесеќа на сточна фарма, животни итн …
Фармата на зачините повеќе наликува на шума, со високи дрвја, палми, треви и отворени
плантажи. Токму овде, ќе имате можност да видите како изгледа и расте куркумата,
каранфилчето, циметот, ѓумбирот, ванилата, афродизијакот, која е разликата меѓу црвениот,
црниот и белиот бибер и како изгледа јодот во неговата природна форма без ниту една
хемикалија. За најхрабрите меѓу вас, ќе има можност да се обидете да се качите по палмата со
претходни инструкции од спремниот, искусен локалец кој нѐ части по еден свеж кокос, а ние
уживаме и пиеме кокосова вода со исцеден лајм. По кратката пешачка тура и запознавање со
зачините, ќе имаме можност да понесеме и да го вкусиме најсвежото тропско овошје меѓу кои
и Jack Fruit, Shoki Shoki, Bread Fruit, помело, манго, ананас, авокадо, мини банани итн…
При посетата на Паџе, прва работа која ќе ја забележиме е изобилство на kite-сурфери.
Доколку имаме среќа и пристигнеме за време на осека, ќе видиме како изгледа брегот кога
водата се повлекува скоро километар од него. Ќе имате прилика да видите како изгледаат
занзибарските барови, ресорани со бохо стилови, а ќе бидете и сведоци на уникатната
африканска музика и танци. Водичот, ве носи во еден од најпознатите ресорти на Занзибар,
каде ќе го поминете целиот ден на плажа, со одлична музика, дружба, племето Масаи, а ќе
имате можност и да купите магнети, сувенири, марами, да јавате коњи на плажа и да
направите плетенки доколку сте љубители. Локалните крави многу често ги посетуваат
плажите на Паџе, така што не ја исклучуваме можноста да бидат дел од нашата авантура ….
Ден 4: Пешачка тура низ Стоун Таун, песочниот насип Накупенда, Prison Island и возење со традиционален африкански минибус Дала Дала
Излет на кој понираме во историјата на Занзибар, град на УНЕСКО од 2000та година. Ја посетуваме Старата тврдина (Old Fort), “Куќата на чудата”, која е еден од главните симболи на Занзибар и која прва во источна Африка имала струја, водовод и електричен лифт, однадвор ја посетуваме куќата на фронтменот на групата Queen, Фреди Меркјури, која денес е хотел, Музејот на робовите, Darajani пазарот, каде би можеле од прва рака да почуствуваме како африканскиот хаос совршено функционира, мирис на риба, бука, ценкање, жени со садови врз главите итн… По живописниот Стоун Таун, на само 30мин. возење од градот се наоѓа песочниот насип Накупенда. Превозно средство ни се локалните дрвени чамци, а тим, позитивните и распеани локалци. Накупенда, на нивниот Swahili јазик значи ,,Те сакам”. Таа нуди толку многу, што за секого ќе има по нешто. Можност за одмор, природа, летни вибрации, плажа, сончање, капење во бесконечниот тиркиз, фотографирање и нуркање. По Накупенда, следната станица ни е Prison Island. Остров кој ги спојува историјата и природата. Ќе имате можност да ги откриете мистериите на островот, почнувајќи од неговите имиња. Островот е дом на џиновските желки Алдабра, кои кога целосно ќе го испружат вратот од под школките и ќе го подигнат нагоре, достигнуваат висина до половината на возрасен човек. Ќе имате можност да ги храните, да се фотографирате, па дури и да научите ,,финти” како да успеете да исправите една мрзелива, легната желка.
Ден 5: Факултативен излет- Сината Лагуна и морските ѕвезди, Baladin Resort 5*, Kae Funk
Beach Bar
Пристигнуваме на плажата Pingwe. Фото стоп пред светски познатиот, а воедно и најпознатиот
ресторан на Занзибар- The Rock Restaurant, на листата на Michelin Star Restaurants!
Започнуваме со пливање по познатата Сина Лагуна (Blue Lagoon), земаме опрема, маска и
цевка за нуркање и го разгледуваме подводниот свет на островот. Црвени, зелени,
портокалови, виолетови, сиви се само дел од морските ѕвезди кои стојат прилепени на
океанското дно, но она што е фасцинантно е дека тие се на дофат по само кратко нуркање!
Доколку имате гумени/платнени сандали за во вода и камерче GoPro ова е вистинско место да
ги искористите! Се фотографираме, се капеме, нуркаме, совршено искуство меѓу купот морски
ѕвезди и прекрасниот тиркиз! Google photos и Instagram reels, сега се реалност! По нашата
авантура, време е за релаксација!
Многумина кога помислуваат на Занзибар, мислат токму на ова. Сместен на бреговите на
полуостровот Мичамви, со поглед кон блескавите сини води, Baladin Resort 5*, е вистинско
засолниште на луксуз и релаксација. Гостите може да уживаат во вкусните оброци во
ресторанот, да се релаксираат со освежителен пијалок во барот и да уживаат во сонцето
додека лежат околу базенот за време на нивниот престој. Ви нудиме уникатна и извонредна
дестинација, недопрена плажа, гостопримство од светска класа, внимателно уреден декор,
меѓународни кулинарски задоволства, елегантно и вистинско бегство на живописниот брег на
Занзибар.