+389-2-322-4388
Top
 

Јапонија

per person

ПРОГРАМА –  ЈАПОНИЈА

Скопје – Токио –  Парк на цвеќињата Ашикага – Ома (музеј на Бонсаи) – Токио – Кјото – Нара  – Осака – Токио – Скопје

Кога ја споменуваме Јапонија, нашите сетила ни претставуваат затворена, романтична, сентиментална самурајска земја од ерата на Мејџи, но колку и љубоморно да ја чува својата традиција, таа оддамна не е само тоа. Силниот традиционализам на Jапонците во контраст со брзата адаптација кон новото остава несекојдневни импресии. Јапонската инвентивност изградила нов свет – динамичен, футуристичен, понекогаш надреално чуден што предизвикува возбудувачки напад врз човечките сетила. И да, Јапонија е неспоредлива бидејќи наликува единствено на себеси! Нема друг народ како Jапонците, кој што доживува толку чиста радост кога е во единство со природата. Силната рецептивност кон убавината ги направила емоционални – од тука доаѓа и обичајот на нацијата – ханами (уживање во убавината на цвеќињата), чија што цел е јасна – да се допреш до прекрасното и да го примиш во душата…

Дозволете Елит Травел да го организира Вашето патување низ Јапонија!

Нашата авантура започнува со полетување кон Доха од каде имаме трансфер до хотел. Ноќевање. Од Доха патуваме кон Токио каде повторно имаме организиран превоз од аеродорм до хотелот во Токио  и сместување. Ноќевање.

Третиот ден започнува туристичката обиколка на Токио. По појадокот стартува нашата целодневна авантура во земјата на изгрејсонцето и постои ли подобар почеток од тоа да се впуштиме во “земјата на цвеќињата”. Состанок со локалниот водич во лобито на хотелот. Разгледот на градот со локален водич започнува со мини бус која опфаќа(Асасука;Сенсо Храм;Накамисе ;Токио Скајтрее,Ниџу  Баши мост(Империјал Палас);Мејџи Шрине,Шибуа).

По завршувањето на оваа авантура следува факултативна посета на Гинза областа, каде што е монденскиот дел односно, 5-тата авенија на Токио.  Враќање во хотел. Ноќевање.

Следниот, четвртиот ден е слободен ден за факултативни прошетки низ Токио. Предлагаме посета на Уено паркот, Хамарикују градината, потоа Кабукузу театарот,Накагин кула,Гибли часовникот и областа Шимбаши( областа Шимбаши претставува област на бизнис центар во Токио).Во вечерните часови предлагаме прошетка по крајбрежјето на реката Мегуро со над 800 црешови дрвца во должина од 4км.Враќање во хотел. Ноќевање. Велат дека Токио  е местото кое што сиот свет го посетува со цел да добие претстава за тоа како ќе изгледа иднината. Огромен, жив и брз, Токио сè уште ги задржува јапонските традиции. Слободно време во кое целосно можете да се посветите на светот на облакодерите.Затоа и петтиот ден е посветен на факултативни прошетки. Во квартот Шибуја секогаш се појавуваат многу забавни трендови и трендови од јапонската мода. Ексклузивен колорит дава најпрометната раскрсница во светот “Шибуја” се поминува покрај Хачику статуата. Ќе ја посетиме улицата Централ гај,Јојоги паркот, Харајуку квартот каде што е модерната јапонска мода. Поминуваме покрај гламурозна архитектонски уредена зграда Прада Аојама, се поминува покрај националниот уметнички центар.Кулата Мори во областа Ропонги Хилс.Предлог факултативна посета на вештачкото острово Одаиба со прекрасна модерна архитектура. Денот го завршуваме со посета и релаксирање на традиционални топли бањи-Онсен бањи.Враќање во хотел.Ноќевање.

Шестиот ден е планиран за Токио-Кјото. По појадокот и одјавата од хотел следува слободно претпладне за индивидуални активности. Предлог  за посета областа Шинџуку со посета на зградата на владата во Токио. Организиран ноќен превоз кон Кјото. Ноќевање во бус.

Седмиот ден сме во Кјото. Предлог факултативна- инфо тура со организиран превоз со мини бус и локален  водич на англиски јазик, туристички разглед на Кјото.Фушими Инари светилиштето, се состои од 10,000 портокалови ториски порти.

Кијомизу – Дера најпопуларна туриостичка атракција во Кјото каде се обожува божицата Канон. Регистрирана како светско наследство, Кралската Палата во Кјото заедно со градината, Кинкакуџи  Замок, попoзнат како Златен Храм, изработено во злато и заштитено како светско наследство.  Областа Гион е главниот град на гејшите во Јапонија, место каде сеуште живеат и работат, познато како родно место на гејша културата и каде ќе ја почувствувате некогашна Јапонија. По завршување на турата, прошетка низ Понто-чо попознат како цветен град. Овде можете да видите ресторани  кои нудат можност да се проба локалната јапонска кујна. Никиши маркет. 5 блока долга улица која нуди традиционална јапонска кујна и е составена од продавници и ресторани.Враќање во хотел. Ноќевање.

Осмиот ден во Кјото по појадокот го продолжуваме со факултативна прошетка, посета на Арашијама бамбусовата градина, попозната како кимоновата шума составена од 600 столбови обвиткани со материјалот од кој се прават традиционалните јапонски кимона. Тенриуџи  храмот, тука можете да ја видите познатата градина и езерце од внатрешноста на салата. Тогетсукјо мост, Премин на месечината кој се наоѓа кај поаркот со реката со десетици црешови дрва. Нина – Џи храмот, е признаен  за национално богатство.  Кјото ботаничката градина е нашата следна точка за посета. По ботаничката градина, одиме по Патеката на Филозофот.Нинензака и Санензака област. Овие места се замрзнати во времето и се совршено место за опуштена прошетка. Санјунсанген – До или 1001 статуетка во природна големина и се високи 167 цм.Враќање во хотел.Ноќевање.

Во текот на останатите денови во програмата предвидени се посета на локални театарски претстави, факултативна целодневна посета на Осака со воз, факултативна полудневна посета на Нара со воз, посета на паркот со срните.

Дванаесетиот ден е ден за патување, програмата е следна: Кјото – Токио /Скопје

Локален превоз до железничката станица , од каде што ќе отпатуваме за Токио со експресен воз Шинкансен . Пристигнување во Токио. Локален превоз до аеродромот Нарита два часа пред полетување состанок на групата на аеродромот. Поаѓање за Скопје од аеродромот Нарита со прелет преку Доха.

За цената на аранжманот и целата организација информирајте се повеќе на:

+ 389 (0)75 254 550

+389-2-322-4388

info@elitetravel.com.mk

                                                      

  • Included
    Јапонија
  • Not Included
    Departure Taxes
    Entry Fees
    5 Star Accommodation
    Personal Guide
    Breakfast