+389-2-322-4388
Top
 

Дубаи

per person

Термин: 21-28.03.2019 год.

 

Заедно со уште шест други емирати е составен дел на Обединетите Арапски Емирати. Кон федерацијата на градови, Дубаи пристапи 1971 година.

Обединетите Арапски Емирати се сместени на североисточниот дел на Арапскиот полуостров.

На југозапад се граничат со Саудиска Арабија, а на исток и север со Оман. Самиот Дубаи е сместен во процепот на Арапскиот залив, кој го дели на два дела.

Ова некогашно мало рибарско село во средината на 19 век прерасна во трговски центар и многу важно трензитно пристаниште помеѓу Блискиот и Далечниот исток. Денес овој град во арапскиот свет е познат како „град на трговци“.

Она што фасцинира при првата средба со Дубаи е неговиот космополитски дух. Насмеаните лица на жителите на овој град од сите можни нации можат да се видат на секој чекор, така што понекогаш имате впечаток дека не сте на Блискиот исток, во арапскиот свет.

Високиот животен стандард се гледа на секој чекор, почнувајќи од автомобилите и облеката што ја носат локалните жители. Ова е многу либерален град, а од неговите жители се очекува да ја почитуваат верата на другите. При облекувањето се почитува традицијата, но се носи и облека во „западен“ стил.

Овој град, благодарејќи и’ на нафтата изникна од пустина и фасцинира на секој чекор со своето зеленило и богатство на бои, па понекогаш се запрашувате дали е вистинито она што го гледате или е фатаморгана. За посетителите, што е многу важно, Дубаи многу безбеден. Нема кражби, веројатно затоа што и казните се многу високи и ригорозни.Целиот град е едно големо градилиште- на секој чекор се гради. Зградите на сред пустина никнуваат со голема брзина, а секоја нова е пораскошна и поубава од претходната. Без разлика на раскошот на тие облакодери, на секој се забележува и арапскиот стил, кој потсетува каде се наоѓате. Овде зградите од десет години се сметаат за стари и се рушат за да им направат место на понови и пораскошни.

Во градот кој никна на сред пустина се води сметка за секоја тревка. Жителите се маѓепсани со зеленилото. Од Холандија годишно се увезуваат стотици тони тревни теписи, кои ги сочинуваат тревните површини на градот и кои непрекинато се наводнуваат.Во Дубаи доминираат палми украсени со стотици сијалици, кои навечер создаваат слика од бајките. Цвеќето е насадено во убави мермерни жардињери во облик на школки. Во овој град, кој е неверојатно чист, секој жител води смека за чистотата.

Дубаи е трговски и деловен центар на Блискиот исток, но и една од најатрактивните туристички дестинации на светот. Тоа е вистинското место за сите оние кои сакаат активен одмор во текот на целиот ден. Застапени се сите спортови од тенис, голф, коњички спортови. Она по што овој град е навистина познат и што е вистинска атракција е купувањето

Бидејќи е град, безцаринска зона, секој може да пронајде нешто за себе. Градот е преплавен со огромни шопинг центри од кои најпознат е Deira City Center, кој се протега на три спрата и нуди роба и за најпребирливите.За обиколка на овој шопинг центар потребни ви се денови. Тој трговски центар, заедно со хотелот Sofitel City Center и шведската стоковна куќа Икеа, се вистински рај за купувачите, а тука има и кино и луна-парк.

 

Цена на аранжманот/ по особа

ноќевање со појадок

 


Име на хотел: Golden Tulip Media hotel 4*                     Вид на сместување: Double room                      Цена: 620 €

www.goldentulipmediahotel.com


Име на хотел: Cassells Al barsha hotel 4*                     Вид на сместување: Double room                      Цена: 630 €

www.cassellsalbarshahotel.com


Име на хотел: First Central Suite 3*                     Вид на сместување: Double room                      Цена: 640 €

www.central-hotels.com


Име на хотел: Al Khoory Executive 3*                     Вид на сместување: Double room                      Цена: 610 €

www.alkhooryhotels.com


 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионски билет, директен лет Скопје-Дубаи-Скопје
  • Аеродромски такси
  • Хотелско сместување – 7 ноќевања / со појадок / во одбраниот хотел
  • Сити тура, целодневен туристички разглед на градот со водич на Српски јазик
  • Организиран трансфер, аеродром-хотел-аеродром

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • Виза за ОАЕ – 90 (За виза апликација потребен е пасош со валидност мин. 6 месеци по истекот на патувањето, фотрографија со висока резолуција, лично во агенција или по маил во ЈПГ формат, податоци (име и презиме на двајцата родители), лична професија)
  • Влезница за Burj Khalifa, оваа посета е дел од туристичкото разгледување на градот 35 
  • Целодневна посета на Абу Даби без ручек 27  (Водич на Српски јазик)
  • Влезница за Ferari World / Светот на Ферари посетата е дел од еднодневната екскурзија во Абу Даби 68 
  • Пустинско сафари со џип 4х4 со вклучена вечера 40 
  • Ноќно крстарење низ DHOW со вклучена вечера и трансфер 35 
  • Такса за престој се плаќа директно во хотел: 3-4 . / за соба на ден во Хотел со 4* и 2-3  / за соба на ден во Хотел со 3*
  • Индивидуални трошоци

 

             ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБНИ СЕ МИНИМУМ 20 ПАТНИКА

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ

ЕЛИТ ТРАВЕЛ ДООЕЛ ВИ ПОСАКУВА ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!!!

  • Destination
  • Included
    Дубаи
    Personal Guide
    Breakfast
  • Not Included
    Departure Taxes
    Entry Fees
    5 Star Accommodation

TOUR LOCATION