+389-2-322-4388
Top
 

Англија, Шкотска, Ирска

per person

Програма за патување за Англија, Шкотска, Ирска со Елит Травел

Првиот ден од ова патување вклучува директен лет за Лондон, организиран трансфер до хотел и разгледување со локален водич. Лондон е еден од најпопуларните градови во светот. Омилена туристичка дестинација и град со голема традиција и култура. Токму овој град е првото интернационално искуство на многу туристи од Америка, не само поради истиот јазик со различен акцент, туку и поради големата културолошка и историска поврзаност помеѓу овие две земји. Поради значајната историја на Британската Империја, сите сме на некој начин поврзани со Лондон (Шекспир, Џејмс Бонд, архитектурата, повеќе правци во музиката и др). Во Лондон има многу места кои ќе Ве фасцинираат и кои задолжително мора да ги посетите при првата посета на градот, а ова е дел од листата: Обиколка на кралскиот дел на Лондон, самото срце на британската монархија, (Бакингемската палата, Вестминстер, Трокадеро, Трафалгар, Парламент Хил,  „Tower Bridge“, „Tower of London“, „Millenium Bridge“ и kaтедралата Св.Павле.) Во вечерните часови препорачуваме факултативно „вртење на вртелешката“ Лондонски Око од каде се гледа и доживува уникатна панорама на Лондон . Ноќевање.

Вториот ден од ова патување вклучува можност за факултативно крстарење по Темза. Предлагаме посета на Мадам Тисо, Националната Галерија, Катедралата  Паулс, Вестминстерската опатија, Лондонската кула. Вечерта препорачуваме прошетка до најосветлениот плоштад во Лондон – Piccadilly Circus или посета на некој од познатите трговски центри Камден Таун, Камден Маркет. Ноќевање.

Третиот ден предлагаме посета на дворецот Виндзори малото градче Bath. Правиме обиколка и на Замокот Виндзор(резиденцијата на британските монарси е најголемиот постојано населен замок во светот). Изграден е на вештачки направена висорамнина, од стратешки причини, заради контрола на реката Темза и главниот пат за Лондон. Препорачуваме посета на Националната галерија на портрети и Британскиот музеј. Ноќевање.

Четвртиот ден имаме организиран трансфер од хотел во Лондон до Лондон Станстед аеродромот  и лет до Единбург. По пристигнувањето во Единбург следува панорамски разглед на градот (град во Обединетото Кралство и главен град на Шкотска уште од  1437. година. Дом на Шкотскиот парламент и центар на монархијата во Шкотска. Предвидена е и факултативна обиколка на Единбург, „Edinburgh Castle“,„Holyrood Palace“, Шкотската Национална Галерија, Националниот Музеј на Шкотска, Воениот музеј... ). Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и можност за групна посета на некој од локалните пабови ( да се дегустира шкотско виски).Ноќевање.

Петтиот ден е резервиран за индивидуални активности во договор со групата или факултативна посета на Глазгов. Ноќевање

Шестиот ден го посетуваме Даблин (главниот и најголем град на Ирска е економски, административен и културен центар на целиот ирски остров. Според грчкиот астроном и картограф Птоломеј, најраните населби во порачјето на денешен Даблин започнале да никнуваат околу 140-та години. Она што е карактеристично за Даблин е дека непостојат висококатници и речиси нема станбени и комерцијални објекти чија висина надминува три ката.) Потоа имаме трансфер до хотел и панорамски разглед на Даблин. (Катедралата Св.Патрик, Националниот Музеј на Ирска, едно од масонските архитектонски објекти, Даблинскиот замок, „Ha’Penny“ мостот, Националниот Музеј на „Leprikon“, Музејот на виски….) Сместување во хотел. Можност за факултативна посета на дестилеријата „Old Jameson“, каде ќе имаме можност да дегустираме од овој алкохолен пијалок.Ноќевање.

Седмиот ден имаме можност за факултативен излет за Корк и „Blarney“ замокот. Корк,најголемата од сите ирски области во кои живеат најголем број етнички Ирци, но и место од каде се иселувале најголем број Ирци во последните векови. Blarney замокот е средновековна тврдина во непосредна близина на Корк. Во самиот замок се наоѓа каменот на елоквентноста, кој ако го бакнете лежејќи со главата надoлу можеби ќе ја добиете благословената дарба. Враќање во Даблин. Слободно време за индивидуални активности и уживање во културата и живописноста на овој град, народ, посета на локални барови и дегустација на хеџис. Ноќевање.

Последниот, осми ден по појадокот и одјавување од хотел имаме локален транспорт до Универзитетот во Даблин, следува организирана посета на Универзитетот во Даблин, кој ја поседува најголемата библиотека на овој дел од островот. Ќе имаме можност да ја видиме и „The Book of Kells“-историски важната книга на Келтите. Факултативна посета на фабриката на светски познатото пиво Гинис, дегустација. Слободно време за индивидуални активности. Директен лет за Лондон,пристигнување во Лондон.Трансфер до хотелот.Ноќевање и директен лет за Скопје.

Сите информации за ова патување(индивидуално или групно) можете да ги добиете на:

+ 389 (0)75 254 550

+389-2-322-4388

info@elitetravel.com.mk

  • Included
    Англија, Шкотска, Ирска
  • Not Included
    Departure Taxes
    Entry Fees
    5 Star Accommodation
    Personal Guide
    Breakfast