+389-2-322-4388
Top
 

За нас

Туристичката агенција ЕЛИТ ТРАВЕЛ е компанија формирана во јануари 2012 година, производ на долгогодишна и успешна работа во дејноста туризам од страна на менаџерскиот тим.Управителот на компанијата, Слаѓана Стаменкова, е професионалец со 25 годишно искуство.Во текот на долгогодишното искуство,успешно организиравме многу патувања ширум светот и се позициониравме меѓу водечките туристички агенции на пазарот.Комплетно организираме патувања во најголемите светски метрополи,далечни дестинации,крстарења и аранжмани за летна и зимска сезона,за кои можат да посведочат нашите многубројни лојални клиенти кои се наша инспирација и мотивација за понатамошни успешно организирани патувања.Мотото на нашата агенција е да ги смениме навиките,да летуваме во зима и да уживаме во атрактивните далечни топли дестинации.

ЕЛИТ ТРАВЕЛ од своето формирање се стекна со Лиценца А согласно законот за туризам на Република Македонија,издадена од Министерство за економија и ИАТА – Меѓународен Сертификат за издавање на авио билети.

Клиенти

Нашите клиенти се наше семејство.Вработените во ЕЛИТ ТРАВЕЛ кои се одликуваат со висок степен на професионалност,им овозможуваат квалитетна и навремена услуга.Нивното задоволство и лојалноста се наш најголем успех.

Соработката на ЕЛИТ ТРАВЕЛ со сите светски познати авио компании и тур – оператори е долгогодишна и професионална, што на крајот овозможува нашите клиенти да добијат услуга од највисоко ниво.

Нашата компанија овозможува 24 часовна поддршка на своите клиенти преку мобилниот систем Амадеус, пристап на светски платформи за инстант хотелски резервации.

Авиопревоз дејност

  • Брзо ,ефикасно и професионално букирање на летови
  • Резервација и информација за се што е поврзано со летовите
  • Информација за најповолни и најдобри конекции ,начини на патување
  • Промоции на најдобри понуди
  • Понуди на специјални – промотивни летови
  • Достава на издадени авио билети
  • За поголем број на патници ,асистенција при чекирање на аеродром

Туризам дејност

  • Понуди за туристички аранжмани во Македонија ( инкаминг туризам )
  • Понуди на групни и индивидуални пакет аранжмани за сите светски дестинации
  • Ученички и апсолвентски екскурзии на сите евтопски и светски дестинации
  • Хотелски резервации за сите светски дестинации
  • Влезници за спортски и културни настани во и надвор од Македонија